Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 поразен дома од Тиквеш (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер  – Тиквеш 29:30 (16:19)

Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола, играно без публика

Судии: Металари и Николовски од Скопје

Пелистер: Кузмановски, Ј. Талевски 8, Петровски 2, В. Димитровски, Митревски, Мирчевски, Ивановски, Андонов, И. Димитровски, С. Талевски 7, Стоилевски 3, Белистојановски, Бардаковски, Дрогришки 5, Блажевски, Арсеновски.

Тиквеш: Медиќ 3, Ристовски, Димитриев, Велков, Петров, Смиљаниќ, Димитров, Ѓорѓовски 2, Симиќ 11, Гошевски 2, Окардов, Коцев 2, Јанчев 8, Лазов.По првото израмнување на Еурофарм Пелистер 2 во финишот на натпреварот против екипата на Тиквеш во Битола, во следниот напад, Симиќ, од Тиквеш  погоди за конечни 29:30, а во последните секунди ракометарите од Битола не успеја да стигнат до нерешено. Инаку, во текот на целиот натпревар кавадарчани водеа од првата минута, а малку недостигаше да не се вратат дома со победа по одличните одбрани во последните минути на младиот Бардаковски.По првите десет минути во првото полувреме Тиквеш направи +5 (4:9), по што се виде дека домаќините во Битола, ќе се помачат за пресврт. Еурофарм Пелистер 2 се врати на -2 (9:11), а на одмор се отиде со 16:19, со многу голови кај двете екипи.Во второто полувреме екипата на Тиквеш имаше и пет гола разлика, а во текот на најголемиот дел од времето се одржуваше разлика од три-четири гола, а во 53. минута беше 25:28. Потоа следуваа грешки на Пелистер, одбрани на Бардаковски, за супер инересна завршница, погодија Талевски и Петровски, за нерешено 29:29. Слдуваше Симиќ со гол за 29:30, а во последниот напад кавадарчани се одбранија и заслужено слават минимална победа.Во Пелистер Еурофарм 2 најефикасен Јован Талевски со осум погодоци, Стефан Талевски со седум, а во Симиќ со 11 голови беше најефикасен.

More from СпортMore posts in Спорт »