Press "Enter" to skip to content

16. ликовна колонија “Де Ниро“ – Битола, започнува во петок, ќе се одржи во Цапари

16. Меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“ започнува петок, од 25 до 30 септември, ќе се одржи во село Цапари, наместо како досега во Битола.

-Колонијата “Де Ниро“ – Битола ќе започне  со збратимување на двете колонии, Ликовна колонија “Де Ниро“, село Цапари, Битола и Меѓународен центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт-Гумно, село Слоештица, Демир Хисар. Паралелните ликовни колонии ќе започнат со заедничка свеченост на којашто со потпишување на ПОВЕЛБА за збратимување ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите. Потпишување на Повелбата ќе го извршат  Ирена Андреевска и Силвана Филевска,  рече како најава за колонијата, Драги Филевски, организатор на Меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“.

Во село Цапари ќе гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска, Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич, а поочесен гостин е Беди Ибрахим.

На уметничкото гумно во с. Слоештица ќе гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.

На колонијата и самиот чин на збратимување ќе присуствуваат ограничен број на луѓе, истиот ќе биде организиран е според сите процедури и протоколи за заштита и спречување на ширењето на вирусот Covid-19.