Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола шест новозаболени и 12 излекувани пациенти заболени од ковид-19

Денес во Битола регистрирани се шест новозаболени лица од ковид-19 што една од најголемите бројки кои што се регистрирани дневно од почетокот на корона кризата. Но, денес има и рекорден број излекувани пациенти од ковид-19, во еден ден во Битола, според информации од министерството за здравство објавени на нивната фејс бук страница.

Според Центарот за јавно здравје од Битола денес се регистрирани 12 оздравени лица од Битола.

Во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19

Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.
More from БитолаMore posts in Битола »