Press "Enter" to skip to content

Отворена ликовната колонија “Де Ниро“ во село Цапари (фотогалерија)

-Наместо свечено отворање потпишана повелба за збратимување на две ликовни колонии “Де Ниро“ од Битола и “Арт гумно“ од село Слојштица, која ја потпишаа Драги Филевски и Ирина Андреевска.

-Секој уметник и гостин потпиша камен кој ќе биде вграден во новиот мултимедијален центар на семејството Филевски во село Цапари.Велат уметноста ја облагородува душата на човекот, со неа суровата реалност станува осмислена, светот станува поубаво, похумано место. Така и во овие времиња, невремиња и сурова реалност на пандемија која е закана од светски рамки ликовната колонија „Де Ниро“ и уметноста која ќе облагородува од 25 до 30 септември, наместо како досега во Битола, оваа година во Цапари.-Овој прекрасен есенски ден всушност  е испишување на нова страница  и нова визура на духовно опстојување на оваа колонија, со овие зборови  директор Владо Ѓоревски Рафик ја најави 16 по ред Меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“ – Битола, која започна во  петок 25 септември  и ќе трае до 30 септември.Живописното село Цапари, домаќин на ликовната колонија која  оваа година ја одбележа збратимувањето на Колонијата “Де Ниро“ – Битола и Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт-Гумно, село Слоештица.На денот на смртта и 16 години од смртта на пистелот Петре М. Андреевски говорејќи стихови од песната “Чешма“ беше симболичнотсо поврзување на двете колонии. Низ  пригоден есеј и поезија  Антонио Павловски истакна „Село Слоештица родното место на Петре М. Андреевски е нашата демирхисарска Венеција. Секоја куќа во овој крај има свој поток, вода. Нашиот крај спие, живее на вода и луѓето кои живеаат тука се продуховени, и со бистра мисла, оплеменети со богата креативна душа“.Паралелните ликовни колонии започнаа со заедничка свеченост на којашто со потпишување на повелба за збратимување беше официјализирана 15-годишната соработка на организациите. Потпишување на повелбата го извршија  Ирена Андреевска и Драги Филевски, по што следуваше и размена на подароци како чин на официјално збратимување на двете колонии кои и порано заедно работеле и имале исти гости-уметници.Панде Петровски координатор на ликовната колонија “Де Ниро“ од Битола рече:-Во ова време, невреме и  „болна“ година заради  пандемија, за мене ова е истортиски момент  бидејќи ќе бидат потпишани повелбите за збратимување меѓу овие две колонии. Овој чин ќе придонесе оваа сите активности на колонијата  да помине во добро расположение, креативнот и покрај се што се случува околу нас во овие времиња, невремиња во кои живееме. Оваа година на 16 по ред ликовна колонија “Де Ниро“ од Битола ви благодарам што ги почитувате мерките. Значајно е што ја одржуваме заедно со колонијата од Слоештица. Планираме да се вклопиме во светските денови и ќе имаме активности  „еко ден“ во овој наменски објект, и сметам дека ваков амбиент не сум видел и доживеал, иако сум присуствувал на многу други ликовни колонии.Драги Филевски, основач на колонијата “Де Ниро“ од Битола по потпишувањето на повелбата за збратимување рече:-Се надевам дека ова место ќе биде инспирација на сите уметници кои се тука, а ова место ќе биде украсено со нивни дела. Се надевам дека идната година ќе имаме доуреден мултимедијален центар тука во Цапари, и дека за разлика од годинава ќе имаме гости-уметници од цел свет, бидејќи ги нема договорените гости од Мексико, Бразил и други земји. Но, оваа година и тие се меѓу нас, но електронски, а нивните дела ќе бидат изложени тука.Уметничкиот директор на Арт Поинт-Гумно уметникот Сергеј Андреевски им се обрати и ги поздрави присутните со зборовите:-Ви посакувам добредојде и мм честитам на домаќините на прекрасниот амбиент. Како водите што течат и се мешаат и се вкрстуваат така и енергијата на овие две колонии се поврзани долги години така да  ова што се случи денес е само едно симболично поврзување и потпишување на повелбите. Со колонијата “Де Ниро“ од Битола, соработуваме долги години и ќе ја продолжиме соработката.За големиот Петре М. Андреевски зборуваше писателот Зоран Пејковски, кој потекнува од Слојшица. Кажа големи зборови за Андреевски, за неговото влијание на него од самото детство, а на крај на Филевски и синот на Андреевски им го подари неговото писание за Петре М. Андреевски, како спомен на оваа прва официјално нивна заедничка колонија.Во село Цапари  гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска, Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич, а поочесен гостин е Беди Ибрахим.На уметничкото гумно во с. Слоештица ќе гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.На колонијата и самиот чин на збратимување  присуствуваа ограничен број на луѓе, истиот беше  организиран  според сите процедури и протоколи за заштита и спречување на ширењето на вирусот Covid-19.На денешен ден пред 16 години згасна животот на големиот Петре М. Андреевски.