Press "Enter" to skip to content

Нов случај на заразена воспитувачка во градинка во Битола, во изолација таа и 13 дечиња

Нов случај на заразена воспитувачка во градинка во Битола е откриен денеска откако тестот бил направен во текот на викендот. Воспитувачката е од градинката “Коца Василева“ во Битола.

Под здравствен надзор во домашна изолација се ставени 13 деца од групата и негувателката.

Овој втор случај е сосема неповрзан со првиот случај во истата градинка. Воспитувачката штом дознала дека нејзиниот сопруг бил во контакт со  позитивен случај на корона вирус ја известила директорката на градинката која и рекла да остане дома.

Последен ден кога воспитувачката била на работа бил четвртокот, во петокот е ставена во изолација, а во саботата направила тест кој испаднал позитивен. Не постои опасност од пренесување на вирусот на децата бидејќи воспитувачката ги почитувала здравствените протоколи и носела заштитна маска.