Press "Enter" to skip to content

Општина Битола дел од глобалната акција “Race for the Cure – Macedonia“

Битола годинава беше дел од големиот настан за подигнување на јавната свест за ракот на дојка “Race for the Cure”, кој ќе се случуваше од 25-27 септември во речиси сите градови во државата, со поддршка на Општина Битола и градоначлничката на Битола, Наташа Петровска, во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка.Во Битола се одржа заедничка прошетка на тимот, предводен од градоначалничката Наташа Петровска, во знак на подигнување на свеста за ракот на дојка, заедно со претставничките на “АВОН Македонија“ и здружнието “Јасмин“.По тој повод беше насликан и мурал, кај кружниот тек кај Педагошка, како доказ за трајната и посветена општинска поддршка.