Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден велосипедист кај кружниот тек кај Уредот

На 27.09.2020 во 18.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Столарска“, пред крстосница со кружен тек со ул. “Филип Втори Македонски“, патничко моторно возило “фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36 годишник од с. Јеловјане, тетовско, удрило во велосипед, управуван од 43 годишник од Битола.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.