Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: “училиштето е важно, но животот е поважен“-Хауард Гарднер (психолог)

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

“Училиштето е важно, но животот е поважен“, напишал Хауард Гарднер великан во психологијата кој ја створил  теоријата дека интелегнцијата е мултипла и дека се состои од неколку видови, а не е само  една ознака или број. Тргнувајќи од  образование во нова реалност во услови на пандемија со сите предизвици пред себе. Ќе надоврземе тука исто така  физичкото и менталното здравје

Заради тоа Гаднер нагласувал дека мора да развиваме кај децата она што го знаат, а не она што не го знаат, да ги поттикнуваме да ги развиваат своите способности, наклоности и вештини на тој начин да градиме подобро општество. Тој сметал дека досегашното оценување во училиштата е секогаш спрема една замислена личност, добар ученик и со тоа го ставил како систем на оценување кој е најнеправеден.

 „Треба да трошиме помалку време на рангирање на децата, а повеќе време да ги идентификуваат своите природни способности и надареност кои треба да се негуваат. Постојат стотици и стотици начини за успех и многу различни способности кои можат да ви помогната да стигнете до него“   Хауард Гарднер психолог.

Денес психотерапеутите  кои работат со возрасни личности ова го знаат и потврдуваат. Кога се работи на потенцијалите кои остануваат заробени спрема правилата и нормите на наставниците, учителите и поголемиот дел на нивната тогашна околина, вели психотерапевтот Сунчица Јовановиќ.Родителите треба да знаат

Овој дел од животот основно школски остава длабоки траги кај личноста и може многу лошо (како и ретко благодарение на и многу добро) да влијае врз развојот на личноста, ако таа личност се отфрла, занемарува и потискува.

-Мислите за ова секогаш кон вашето дете особено во новата реалност на образовен систем и да се поттикнува залагањето, трудот кој се вложува.

-Не му кажувајте дека ќе остане неписмено,( термин кој често денес се употребува можеме да го чуеме денес) Како родител делувајте против тоа.

-Сликата за себе јачесто се формира  уште од најмала возраст од тоа дали детето родителите го критикуваат или охрабруваат. Потоа дури во однос на средината и врсниците кон него. Заради тоа внимавајте што му кажувате на своето дете, бидејќи така ја гради својата самодоверба.-Добар ученик не значи и среќен и успешен човек, или добар ученик не значи ни неуспешен и несреќен човек.

-Добар ученик е само добар ученик и секое дете има УШТЕ многу вештини и таленти, одговорности и улоги кои се наоѓаат вон таа категорија која ќе заврши после завршување на школувањето.

-Денес тие одговорности и вештини се значјни пред децата во новата реалност Да бидат одговорни, почитуваат мерки (носење маска, миење, дезинфицирање, почитување физичка дистанца). Со ова тие се ставени во ситуација да бидат одговорни исто како и возрасните.

-Одвојувањето на оценките од  вредностите и личнoста на детето е многу важно, и тоа децата не го знаат, мора да им се каже, секој пат да им се нагласи.

-Да се одвои успехот или неуспехот од нивната личност,

-Ставете нагласување на нивниот труд или заинтересираност наместо етикети и секогаш нагласувајте ги вештините кои се важни надвор од училиштето.  Со тоа можете да делувате предвреме  на анксиозност, депресија и психосоматски заболувања.