Press "Enter" to skip to content

Хрватски младински театар ќе гостува во Битола

По повод Денот на Хрватскиот парламент, во Битола гостува Сатиричниот младински театар од Славонски Брод, Хрватска, со претставата Декамерон.

Настанот кој ќе се одржи во битолската Магаза на 3. октомври во Битола, во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско Хрватското друштво “Марко Марулиќ“ од Битола.

Декамерон е бесмртен и доста актуелен и денес. Со сите свои страсти, шеги, љубов и двосмислености. Во прашањата кои актерите ги поставуваат на сцена, помогна драматизацијата на драматургот Сања Илиќ.Инаку, Сатиричниот младински театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Како што велат самите актери- за нас наградите се доказ дека сме на вистинскиот пат за она што го работиме.

Во претставата играат-Морено Мијатовиќ, Зринослав Гусак, Силвио Стилиновиќ, кој е одговорен и за адаптацијата и режијата на претставата, Аленка Владисављевиќ, Тена Јанковиќ. Сценографијата е на Саша Кариќ и Зринослав Гусак, костимографија-Тајана Балаш Таја, мејкап-Славица Павичиќ.

Почетокот на претставата е од 19.30.

Неда Маретиќ