Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претпадне облачно, попладне намалување на облачноста и сонце

Денес, среда, 30 септември, во Битола времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен и западен правец. Температурата до 19°С.

Утре, четврток, 1 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Температурата до 20°С.