Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 6 новозаболени од 16 до 70 години и 5 оздравени од ковид-19

Во последните 24 часа во Битола според информации на министерството за здравство обавени на новната фејс бук страница,  регистрирани се 6 нови заболени од ковид-19.

Заболените се на возраст од 16 до 70 години, од кои едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а едно лице е од веќе познат кластер. 

Во Битола има и 5 оздравени лица.

Вкупно се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19.

Во болнички услови се починати 2 пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.977, бројката на оздравени пациенти е 14.959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.279.
More from БитолаMore posts in Битола »