Press "Enter" to skip to content

Доцент д-р Невена Груевска, нов претседател на МНД-Битола

Доцент д-р Невена Груевска е нов претседател, и прва жена претседател на Македонско научно друштво-Битола. Одлуката за избор на д-р Груевска е донесена на редовно изборно Собрание кое се одржа на 29 септември во пациото на битолскиот Музеј.Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола едногласно го усвоија Извештајот за работата на МНД-Битола во периодот 2018-2020 година кој го презентираше досегашниот претседател, проф. д-р Марјан Танушевски, и исто така едногласно изгласаа во наредниот две годишен период, функцијата потпретседател да ја врши вонреден проф. д-р Сашо Кочанковски.Со одлука на членовите на Собрание на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.