Press "Enter" to skip to content

Новата академска година на УКЛО, ќе започне свечено утре на Правниот факултет во Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола со два настани ќе го одбележи почетокот на новата академска 2020/21  година. 

Утре, 1 октомври, во 9 часот, претставници од раководството на УКЛО и ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, на дисперзираните студии од Правниот факултет во Битола, заедно со деканот проф. д-р Горан Илиќ ќе направат обиколка на комплетно реновираните простории.

Потоа, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, Ректорот Коруновски ќе присуствува на првиот академски час и официјално, ќе ја упати пораката за успешна академска година за сите студенти на УКЛО. 

Изборот на  ФТУ не е ни малку случаен. Годинава, оваа единица на УКЛО одбележува 5о годишен јубилеј.