Press "Enter" to skip to content

Како да се подготвиме за првиот телефонски повик!?

Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“ – Битола.

За да воспоставиме квалитетен телефонски повик со кој на потенцијалниот клиент ќе му нудиме решение за неговите тековни потреби го правиме првиот чекор во процесот наречен продажба. Пристапувајќи на овој начин правиме прв пионерски чекор во продажбата. Со ваквиот вид на телефонска комуникација потенцијалните идни клиенти имаат можност да не слушнат и размислат дали нашиот производ може да ги реши дел од нивните тековни потреби или проблеми.

Во претходниот текст веќе констатиравме дека постојат топли и ладни телефонски повици. Денеска раговараме за тоа како да ги загрееме нашите изгледи пред да го направиме првиот повик.

Во социјалниот начин на продажба истражувањата покажуваат дека медиумите можат да бидат вредна алатка. Купувачите на овој начин побрзо го препознаваат производот кој им се нуди. Ова важи доколку имаме финансика можност за ваков тип на реклама.Препораки се исто така еден од подобрите начини за да стигнеме до квалитетни контакти кои ќе ги повикуваме. Секогаш барајте препораки ! Од сите со кои контактирате и дошле на некакво дружење, презентации или он-лине предавања на кои тие истите биле ваши гости. Некои нема да можат да бидат во моментот ваши клиенти, но тоа не значи дека нема да ви препорачаат некој кој е квалитетен контакт.

Од лично искуство на оваа тема за продажба најдобри се контактите од препораките. Ќе се изненадите кој се кого ќе ви препорача. Побарајте препораки и уште поважно откако ќе ги добиете распрашајте се за меѓусебната врска која го поврзува контактот со оној кој ви ја дал препораката. Вреди многу ако вложиме повеќе напор.Користење на електронска пошта е исто така дел од подготовката за телефонска комуникација. И тука постојат ладни и топли меилови. На некои ова им изгледа како застарен модел на работа или пукање во празно но со оглед на сегашните можности и технологии, а и земајќи ја во предвид глобалната пандемија и Ковид-19 ќе констатирам дека кампањите за директна пошта се сепак ефикасни.

Истражувањата покажуваат дека три проценти од продажбите во компаниите доаѓааат од директна електронска пошта додека од телемаркетинг дури шеснаесет проценти. Овој начин на контактирање за кој зборувавме претходно (испраќање на пораки во електронско сандаче, популарно наречени меилови) бара исто така големо ангажирање и дополнително потрошено време и работа, но значително ни ги зголемува шансите за продажба.

Топлите повици (за разлика од ладните ) секогаш имаат предност во нашата работа. Сите ние сме посигурни кога се јавуваме кај некој кој го познаваме. Тоа не значи дека ладните повици се комлетно мртви. Точно дека за нив треба дополнително да се ангажираме. Студените повици се помалку непосредни, бараат ангажирање.

Ако направиме повторно паралела помеѓу двете повикување ќе дојдеме до заклучок дека повикувачите кај топлите повици премногу чекаат до повторен телефонски контакт или закажување на истиот за директна средба за разлика од повикувањето кај непознати ладни повици.ЗАКЛУЧОК

Без оглед на тоа дали ние како повикувач користиме ладни или топли повици секогаш можеме да направиме подобрувања за поквалитетна реализација. Како ? Само со секојдневно практикување на овие вештини, никако поинаку ! Потребен ни е план и веднаш стапување во акција.

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОВИКУВАЊЕ

Имајте секогаш листи со контакти. Ажурирајте ги и дополнувајте секојдневно. Немојте да ги бирате контактите. Прочистете ги контактите од време на време, всушност самата работа ќе ви го покаже тоа. Имајте високо квалитетни податоци за секој контакт. Не може да контактираме некого без да имаме претходно сознанија.

Секогаш давајте приоритет на истражување на контактите. Ова денеска е навистина лесно, а и е забавно. Истражете се за компанијата во која работи потенцијалниот контакт кој сакате телефонски да го комуницирате. Сите кои работат продажба го избегнуваат ваквиот пристап односно обемни истражувања кои одземаат многу време. Запамтете дека повикувањето на било која личност на слепо, без никакви сознанија е рецепт за неуспех.

И за крај секогаш имајте во предвид дека кога некого ладно ќе повикаме, тој не знае кои сме и каква можност му нудиме. Можеби имаме најсупер производ за него или компанијата во која работи, но тој тоа не го знае. Треба да научиме дека ваквите луѓе не е потребно да ги притискаме бидејќи тоа не води на пат до одбивање. Подобра варијанта е доколку сакаме на ваков начин да контактираме, да покажеме интерес за проблемите со кои се соочуваат како компанија или индивидуа и да побараме да научиме нешто за нивниот бизнис. Ова е пасивен приод кој многупати знае да се покаже како успешен.

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на: info@euinstitue.eu

За учество на on-line вебинар на 17, 23, 24 и 30, 31 Август 10h-13h
ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ( 11 Модули ) можете да се пријавите
на директен линк:
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/ОСНОВИНАДИГИТАЛНАПИСМЕНОСТ