Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: атријална фибрилација

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за атријалната фибрилација, за што вели:-Атријалната фибрилација е аритмија кај која ритамот е секогаш ирегуларен повеќето импулси настанати во преткоморите не се спроведуваат до коморите низ “АВ“ јазолот и не предизвикуваат стимулација на коморите по Хисовиот пат коморниот одговор можи да е од 50 до 200 удари на минута, поради тоа нема класични “P“ бранови кои се заменети од “F“ бранови најдобро видливи во прекордијален “V1“ oдвод.

Етиолошки можи атријалната фибрилација да е примарна без претходна причина кога се применува катетер аблација на “А В“ јазолот и имплантирање на пејсмејкер или да се должи на други структурни промени на срцето кога е секундарна и се лекува со бетаблокатори (атенолол, бисопролол), соталол или амиодарон.

Оправдана е и примената на орални антикоагуланси со цел да се спречи системски тромбоемболизам на мозок, бели дробови итн.