Press "Enter" to skip to content

Отворено 29. издание на “Интерфест“ со “Севилскиот берберин“ (фотогалерија)

Со настапот на Националната опера и балет со „Севилскиот бербер“ на Џакомо Пучини, под диригенство на Иван Еминовиќ, синоќа во Битола, започна 29. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.Свеченото отворање беше со почитување на сите здравствени протоколи во Големата сала на Центарот за култура во Битола, во која беа одбележани местата за седење, а публиката уживаше во изведбата и со голем аплауз ги награди солистите и членовите на оркестарот.Фестивалот на класична музика “Интерфест“ во Битола за отворен го прогласи основачот на фестивалот Милица Шперовиќ – Рибарски, која нагласи дека иако е тешко време, време на пандемија успеале да донесат значајни имиња од класичната музика.-Во Битола продолжуваме со традицијата и не го прекинавме фестивалот во време на пандемија, туку донесовме имиња кои ќе презентираат квалитет. Фестивалот ќе трае до 12 октомври, а и оваа година ќе имаме и театарска претстава што веќе долги години го применуваме. Оние уметни кои откажаа, односно не добија дозвола од своите држави за патување, ќе ги видиме до година во едно ново јубилејно издание на “Интерфест“, рече Милица Шперовиќ – Рибарски.Диригент беше Иван Еминовиќ, а како солисти беа во улогата на Фигаро – Марјан Јованоски. Розина – Билјана Јосифов, Гроф Алмавива – Дејан Стоев, Дон Базилио – Владимир Саздовски, Дон Бартоло – Невен Сиљановски, Берта – Злата Тошевска и Фиорело – Драган Ампов.Настапија и  машкиот хор и оркестарот на Национална опера и балет.Пред свеченото отворање на фестивалот во Заводот и музеј ќе биде отворена ликовната изложба “Македонско современо сликарство“.Годинашното издание на “Интерфест“ ќе трае до 12 октомври.