Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: најголем проблем во денешното воспитание е што сакаме на детето се да му биде лесно

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Родителите треба да знаат дека Воспитувањето е еден вид „борба“. На децата им требаат граници, ред, искуство и нашата љубов, а должност на родителите е да ги воспитуваат децата со упатувања, забрани и заповеди. Што детето може да направи? Со тоа и кои вештини ќе ги усвои Одговорот е може се на што е навикнато.

Родителите треба да знаат дека  “Детето не е среќно кога ИМА СЕ, туку кога ќе изведе тешка задача успешно“. Да, тоа може и вашето дете ако сте одвоиле време и сте го научиле да обавува одредени задачи. Само навиката донесува квалитетно извршување на задачте. Добро е така да одлучите и да делувате во корист на детето, но, не во име на сопствената неамненливост и непогрешивст. Децата кои родителите само ги заштитувале, со зборовите „Јас ќе го направам тоа наместо тебе“- многу се разликуваат од оние кои благодарение на залагањето на родителите можат нешто и да направат. Можеби некои родители ќе бидат зачудени од тоа што децата можат да направат и од која возраст, со тоа може низ игра на интересен начин да стекуваат навики за вештини кои ќе му бидат добредојдени кога започне на училиште.

Родителите кои имаат деца кои тргнуваат  во градинка и училиште увидуваат дека некои навики и стекнати вештини од помала возраст сега се добредојдени. На пример станување наутро во одредено време, соработува при облекување и заминување во градинка, вештини стекнати за миење, облекување, закопчување… Овие вештини се навикнуваат и стекнуваат со воспитување уште од најмала возраст.

Дали сте свесни колку грешки правите наутро кои лошо влијаат на децата? Препораки до родителите како да се постапи во одредени ситуации.Будење и станување за во градинка

Детето се буди со аларм, но станува дури кога вие дојдете по него. Децата од мали треба да се научат да се будат во одреден сат. Внимавајте предшколско дете ќе се разбуди кога звони аларм, но нема да стане. Тоа се буди, но чека да дојде еден од родителите, резултати на очекувањето е скоро ист- широка среќна насмевка. Значи се радува кога ве види. Притоа тоа соработува при облекување, и заминување во градинка и гледа ако сте вие располоожени, смирени и дека се радувате на неговото убаво расположение.

Поинаку е во семејствата кога детето го разбудите во последен момент, кога и самите брзате, нервозно се подготвувате и доцните (за на работа и сл). Детето интуитивно ве чувствува дека не сакавте да го станете од „топлата постела“, (ви беше жал)  и тоа реагира во склад со тоа – нервоизно е, се прави дека се уште му се спие, не соработува понатаму.

Правилно е дека детето треба да го разбудите доволно рано и со вашиот правилен пристап кон станување. Постои само еден начин тоа и да го направите – да бидете сигурни дека вашето дете се наспало добро.  Но, за тоа треба навечер да се почитува одењето во кревет рано, што можеби некогаш и не ви успева како родител. Така ќе се вртите во еден маѓепсан круг, а после ваквото искуство кое ќе се пивторува од ен на ден, детето можеби ќе научи и понатаму низ животот и нерадо ќе станува од кревет. Дури  и во 10 -11 часот  ќе му биде рано за станување.Однесување / опонирање на  маса

За масата вредат примерите и  родителски ритуали.  За лошо однесување на маса и трчкање наоколу пред него оброкот е завршен, виновни се самите родители. Првиот начин е општ и на детео му допуштате готово се, му давате и овозможувате се. За ништо не може да чека. Затоа во случај кога се обидте поинаку, на детео му станува незгодно, гласно, се буни, лути и уште многу друго. Ќе направи се она што претходно му помагало  да му се овозможат неговите барања. Децата се многу бистри – всушност ваши се! Користат само она што делува на вас. Ако увидат дека нешто не функционира, тогаш престануваат.

Другиот начин произлегува од мајчината желба семејството на мир да јаде. Затоа на детето кое трчка наоколу, му се дава предност и овозможува ускокнување за време на ручекот.

Еден пример од секојдневитео. Уште додека се готви, детето брзо седнува за масата и му се дава супа. Иако детео можа самостојно да јаде, тоа обично не се случува туку мајката до храни. Со која цел? Заради тоа што сакаат сите останати членови да јадат „на мир“. Но тоа не се случува. Детето кое ја изело супата “бега“ од столица и понатаму трчка наоколу. Кога е на маса главното јадење, мама го храни во трчање. Односно детето проаѓа покрај, отвара уста, брзо му се става компир пире во уста (со лажица за да не се убоде додека дивее или малиот лудува понатаму.  

Се препорачува веќе од тригодишна возраст детето да јаде истовремено со сите на маса и во исто време ја јаде истата храна и тоа само, со сопствен прибор виљушка, лажица, кои се за тоа наменети. Ако е преспоро можаме да му дадеме некој пример возрасна личност  која ќе ја опонира, на пример тато.  И заедно со него ги прави сите ритуали.Што детето може да направи на одредена возраст.

ТРИГОДИШНО ДЕТЕ

Да ги собира играчките, да ги среди во едо место,  во едно место корпа, да ја стави сликовноцата на свое место на полица, да се измие лице, раце, деломично да се облече, да облече обовки и да дели со другите.

ЧЕТВОРОГОДИШНО ДЕТЕ

Знае се досега наведено за помала возраст, но знае да го наведе своето име, презиме, адреса, телефонски број, знае самостојно да ги измие забите, да започне да учи пкивање(може и порано), да избере облека и момчиња) да ја среди постелнината, да му налие  вода на своето милениче,  да вади влажни алишта од машина со мајката и да ви ги додва за обесување, да спари чорапи, да го избрише носот, да се грижи за наочарите, да го затвори патентот затварач на облека, да игра игри со едноставни правила.

ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ

Може се досега наведено и скоро самостално да ја среди својата облека, само да сеистушира, да избрише прашина од ниски наткасни, столици, маси, знае да плива и во длабоко, може да усисува со правосмиукалка, одговара на телефонски позиви, помага во градината,може да мие дел од мијалникот и дел садови, да додава состојки од фрижидерот, кога возрасна личност готви, моќа добро да ја среди постелата, да закопчува петлици, да оди во тоалет самостојно, и можа да врзува врвци на патики, чевли.

ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ

Се што е погоре наведено и да ги среди и избрише фиоки, да ја наполни и испразџни машината за садови, само да се истушира, испразни ѓубре,да направи сендвич, и припрема за патување, екскурзија, залива цвеќе и да ја среди и исчисти својата соба.