Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес само еден новозаболен, оздравени двајца пациенти од ковид-19

По подолго време во Битола е регистриран само еден новозаболен од ковид-19, а оздравени се двајца пациенти.

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19.

Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.113, бројката на оздравени пациенти е 16.301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015.