Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Дерил Хана од Холивуд, атрактивна гостинка во Битола на фестивалот “Браќа Манаки“

-Битола и фестивалот “Браќа Манаки“ имале прилика да бидат добри домаќини на многу видни гости, но во 2010 година на радост на љубителите на филмот во Битола престојуваше атрактивна личност од големото платно, популарната американска актерка Дерил Хана, како специјална гостинка на 31. издание на Интернационалниот фестивал, з започна со своите сеќавања за тоа што се случувало во Битола пред 1о години, Димче Миновски, хроничар и доајен на битолското новинарство.Холивудската актерка Дерил Хана беше добитник на наградата „Златна камера 300“ и во нејзина чест беше прикажан вториот дел од филмот „Убиј го Бил“ на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола.-Тогаш, педестгодишната актерка има играно во повеќе од педесет филмови, меѓу кои холивудските „Истребувач“, „Возбуда“, „Вол Стрит“, „Челични магнолии“ и други, а последните години Хана е ангажирана во многу општествени цели, како активист на граѓански движења и организации, вели Миновски и додава:-Специјалната награда „Златна камера 300“ и се додели поради исклучителниот придонес во светскиот филм. Тогаш, директоркаата на фестивалот Лабина Митевска, рече дека Дерил Хана заслужува и посебно признание поради придонесот за поголема грижа кон човековата околина, како и правата на маргинализираните групи.Дерил Хана, откако помина по црвениот тепих пред Центарор за култира, во Битола остана два дена, а организаторите се потрудија да и го покажат најдоброто од нашата земја и секако од Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »