Press "Enter" to skip to content

Ноќна разгледница, Битола низ фотогалерија на првиот есенски дожд

Битола по топлото време и температури кои беа над просечните за овој период од годината ја зафати “воден“ бран, кој донесе вечерва обилни дождови проследени со грмотевици и ветер кој на моменти беше засилен.Ова типично есенско време кое е вечерва во Битола ги прекина ноќните прошетки на битолчани по Широк Сокак, низ Шеталиштето, по Драгорот, во Нова Битола…Низ фотогалеријата која ја направивме вечерва по дождот во Битола ќе ви доловиме како изгледаа некои делови на градот, кај Саатот, кај Црвен крст, кај Безистенот, кај Офицерски, на “Партизанска“, низ Чаршијата…Во надеж дека за брзо ќе се вратат топлите денови ни остранува да чекаме до новите прошетки, возење велосипед, рекреирање на околните ридови, Баба планина…