Press "Enter" to skip to content

Роденденски попусти во “Дерма Метаморфозис“-Битола, ординација за медицинска и естетска козметологија (фотогалерија)

“Дерма Метаморфозис“ – Битола, ординација за медицинска и естетска козметологија овие денови прославува две години од своето постоење, единствена по најсовремените апарати и третмани кои ги нуди во областа на медицинска и естетска козметологија.По повод роденденот “Дерма Метаморфозис“ – Битола ќе ги израдува своите клиенти со роденденски поусти на сите третмани за корекци, подмладдување на лице и тело. Тоа беше и поводот  за разговор со м-р Ема Велјановска-Мојсова магистар по фармација и специјалист по естетика и козметологија сопственичка на “Дерма Метаморфозис“.“Дерма Метаморфозис“  асоцира на  промена, пробразување.  Две години постоење Кажете ни повеќе?-“Дерма Метаморфозис“ пред две години започна како салон за естетска козметологија, со најсовремени третмани за лице и тело. Во текот на овој период  јас се доусовршував, минатата година магистрирав и би сакал овој роденден да биде еден нов почеток на “Дерма Метаморфозис“ бидејќи сега планираме да нудиме третмани со филери, ботокс за подмладување на кожа кои ќе бидат единствени кај нас.Во “Дерма Метаморфозис“ ги има  најсовремени апарати за естески  третмани за лице и тело од  медицинска козметологија кои се единствени кај нас тие овозможуваат вистинска  промена, преобликување, регенерација, подмладување  односно овозможуваат медицинско третирање на различни проблеми на кожа на лице и тело. Можам да кажам дека  единствено во Македонија го имаме апаратот “Vela Shape III“,“ Liposonix“ за тело и “HiFU“, последна генерација на најсовремен апарат за корекција и подмладување на лицето.Исто така ќе истакнам дека сме ексклузивни застапници во  Македонија  за препарати на “Inspira Med“- германски препарати, кои во својот состав имаат “MED“ ознака, што означува дека се категоризирани како медицински, што според законот на Европска Унија имаат активна медицинска супстанца, а такви третмани, со вакви производи можат да се добијат единствено во “Дерма Метаморфозис“ во Битола.Кои современи третмани нуди овој салон за естетска козметологија за клиентите да ја постигнат „метаморфозата“­?Козметичките третмани “Inspira med“ решаваат широка проблематика на кожни неправилности. Тука ќе наведам некои од нив: хиперпигментација – ги намалува постоечките пеги и флеки (MEDI Glow), длабинско чистење на масна кожа – многу длабоки пори и затегнување (MEDI Lift), контурирање на лице, BB glow третмани за лице, хемиски пилинзи, Peel2Glow, Easy Droxy, Easy Phytic, Medi lift, нова генерација на хемиски пилинзи за биоревитализација PRX-T33 е иновативна формула за подмладување на кожата на лицето без инвазивни методи и без инјекции.Биоревитализација со Reporestim, замена за Botox, липолиза со филери “Prostrolane inner B“ за намалување на подбрадок, стомак и бутини. За оние кои сакаат полуменозни усни кои се моден тренд, помладата популација го издвојуваме “Teoxane 3D lip“ за инстант волумен на усни без игла.Во салонот на “Дерма Метаморфозис“ се работи по сите протоколи и мерки на заштита кои се спороведуваат во услови на пандемија. Подетални информации за сите  третмани може да добиете во нашиот салон кој се наоѓа на улица “Солунска“ под Камен мост до аптека “Ема Фарм“ или на телефон 070-373-054.