Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер комплетен влегува во завршните подготовки пред стартот на Лига Европа

Пред официјалната промоцијата на Еврофарм Пелистер во Битола за оваа сезона, на само седум дена пред стартот на натпреварите од Лига Европа, конечно тренира во комплетен состав.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ на располагање во Битола, каде ќе бидат до среда, кога играат против Татабања, ги има Марин Вегар и Марио Танкоски, кои се повредија на турнирот во Атина минатиот месец и во последните неколку недели тренираа одделно од тимот.

Танкоски настапи во петокот против Еурофарм Пелистер 2 и е понапред во периодот на рекуперација од повредата на рамото на Вегар. Повредата на скочниот зглоб на Никола Маркоски не е од сериозна природа и кружниот напаѓач нормално тренира со екипата.
 
Бабиќ закажа по еден тренинг дневно, до првиот натпревар од групата “Ц“ на Лига Европа, на 20 октомври од 18:45 часот против Татабања во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.