Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ќе почека за старт во Лига на Европа, 15 ракометари на Татабања со корона вирус

Иако беше најавено дека на 2о октомври ќе стартува Лигата на Европа во ракомет, а Еурофарм Пелистер ќе ја пречека во Битола унгарската Татабања, неофицијално тоа ќе биде одложено.

Екипата на Татабања има дури 15 позитивни ракометари заразени со коронавирус и нема да допатува во Битола за натпреварот од првото коло.

Европската ракометна федерација се уште нема официјално објавено за одложување на овој дуел, но неофицијално ракометарите од битолскиот клуб веќе беа информирани дека нема има натпревар во вторник во во Битола, а уште пред неколку дена од Европската куќа на ракометот побара одложување на дуелот со Еурофарм Пелистер од Битола.