Press "Enter" to skip to content

И официјално одложен натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања

Европската ракометна федерација го одложи натпреварот од првото коло, од групата “Ц“, на Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер од Македонија и Татабања од Унгарија, кој требаше да се одигра во Битола.

Причината е големиот број на заразени членови на ракометната екипа и стручниот штаб на Татабања на коронавирус, а поради тоа не се во можност да патуваат во Битола.
 
Натпреварот беше планирано да се одигра на 20 октомври во 18:45 часот во Битола, а ЕХФ дополнително ќе ги извести двата клуба за новиот термин за одржување на натпреварот.
More from СпортMore posts in Спорт »