Press "Enter" to skip to content

Со читање од сликовница на учениците во “Елпида Караманди“ им беше “доближана“ библиотеката

Вработени од Универзитетса библиотека “Св. Климент Охридски“ од Битола ги посетија ученици, од второ одделение од ОУ “Елпида Караманди“- Битола, со цел да им ја “доближат“ библиотеката на најмалите ученици.

На учениците библиотекарката им ја прочита сликовницата “Девојчето и дванаесетте месеци“, со што учениците кои сега почнуваат да се описменуваат, слушнаа како треба правилно да се чита.

При посетата беа запазени сите протоколи, при што на влезот беше измерена температура, а во училниците на растојание пред таблата беше поставено место за седење се со цел да се избегне било каков контакт со учениците и со учителката.