Press "Enter" to skip to content

Хумана среда со “Евротип“ и “Голд Слот“ (фото)

Оваа среда во канцелариските простории на “Евротип“ и “Голд Слот“, Општинската организација на Црвен крст од Битола, заедно со д-р Маргарета Јолевска и нејзиниот тим успешно ја спроведоа крводарителската акција, за што д-р Маргарета Јолевска рече:-Крводарителската акција помина успешно задоволни сме, а ова е нашата втора акција во вработените од “Евротип“ и “Голд Слот“, а вработените кои даруваа крв добро ги знаат придобивките од крводарувањето, тоа се при дарувањето крв се прави систематски преглед кај дарителот, мерење на пристисок и хемоглобин, испитување на крвта на трансмитивни инфекции сифилис, сида, хепатит Б и хепатит Ц и додава:-После десеетото дарување, дарителот е ослободен од партиципација за здравствени услуги и најважното од се е спасување на човечки живот. Дарувањето крв е законски одредено и тоа кај мажи три месци од дарувањето, а кај жени четири месеци од дарувањето. Но, кај крводарувањето нема разлика помеѓу “машка“ и “женска“ крв, а секоја здрава крв спасува живот. Но, крводарителот треба да е полнолетен, да е здрав под здрав се подразбира да не прима никава терапија и да нема хронични заболувања, а после дарување крв имунитетот не може да се намали.-Би им препорачала на младата и здрава популација пред се да бидат хумани и да даруваат крв доколку се чувствуваат добро и здраво, да направат доброволен чин и да спасат живот. Голема благодарност би сакала да упатам до организаторите на овој настан, како и до вработените од “Евротип“ и “Голд Слот“ и се надевам дека ќе продолжи и понатаму оваа соработка и ќе се зголеми бројот на дарители. Бидете хумани и вие и
спасете нечиј живот, е препораката на д-р Маргарета Јолевска.

Хуманите активности на “Евротип“ и “Голд Слот“ не застануваат тука, и во иднина
продолжуваме со исто темпо.

#БидиХуман #БидиКрводарител

Б.Арбовска