Press "Enter" to skip to content

Два ковид-позитивни случаи во Еурофарм Пелистер 2

Ракометнитниот клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола информира дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни.

Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим веќе се тестираа и се очекуваат резултатите.

Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес.

До прекинот на натпреварите од Супер лигата, Еурофарм Пелистер 2 од Битола одигра четири натпревари во  група “Б“ и запиша две победи и два порази.
More from СпортMore posts in Спорт »