Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола рекордни 18 новозаболени за еден ден, оздравени 4 од ковид-19

Денес во Битола, според информации на министерството за здравство објавени на официјална фесјбук страница има рекорден број на новозаболени од ковид-19, вкупно 18.

-Од 18 лица кои се новозаболени во Битола, лицата се на возраст од 11 до 78 години. Од нив три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), едно лице е од познат кластер, пет лица имаат контакт со заболено лице, а останатите девет лица не даваат податок за контакт со регистрирано позитивно лице.

Во последните 24 часа се направени 2.306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19.

Во болнички услови починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 216.541 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.607, бројката на оздравени пациенти е 16.949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.837.