Press "Enter" to skip to content

Едногодишна соработка на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј и компанијата “Цермат“-Битола

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола информира за воспоставената соработка со компанијата “Цермат“ од Битола,  за едногодишен договор.

-Горди сме што оваа општествено одговорна компанија која е една од најуспешните  битолска,  регионална, а веќе од поодамна и европска компанија “Цермат“ која го препозна квалитетот и начинот на работа на Пелистер Волеј и во иднина заедно ќе бидиме реномиран бренд во најелитното одбојкарско натпреварување кај нас, велат од Пелистер Волеј од Битола.

Според договорот Пелистер Волеј од “Цермат“ ќе добие нови дресови, а задниот дел од дресовите е резервиран за логото на “Цермат“.

-Пелистер Волеј, благодарение на соработката со “Цермат“ останува стабилен, модерен но и моќен клуб на македонската сцена, со што непречено ќе се развива и надоградува, влегувајќи на најубав можен начин во година во која навршуваме една декада од нашето постоење. Амбициите и плановите се секако се поголеми и поголеми, но ова заедништво ќе го градиме внимателно и чекор по чекор, додаваат од Пелистер Волеј.