Press "Enter" to skip to content

Уште двајца, вкупно четири, ракометари на Еурофарм Пелистер 2 позитивни на ковид-19

Откако пред два дена беа констатирани симптоми кај двајца ракометари, РК  2 ги тестираше сите членови на клубот на ПСР тест на ковид-19.

По дополнителните тестирања позитивни тестови има кај уште двајца ракометари. Во овој момент четворица ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на коронавирус, немаат симптоми и добро се чувствуваат.

По наредното тестирање на останатите членови на екипата, стручниот, медицинскиот и административниот тим, ако сите тестови се негативни, тимот ќе се врати во тренажен процес.