Press "Enter" to skip to content

46 филмови од осум земји од Европа во конкуренција за “гран-при“ на ИФАК “Камера 300“ (фото)

28. издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300“ во Битола, ќе се одржи на 30 и 31 октомври, а жирито започна со селекција на кратките филмови за тоа кој ќе ја добие гран-при наградата и останатите награди.

На конкурсот кој го распиша Народна техника од Битола оваа година се пријавија 46 филмови од осум земји од Европа, а вели Стефан Хаџиантоновски, директор на фестивалот за ова издание на денешната средба со новинарите рече:-28. издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ годинава во Битола ќе се одвива во услови кои се пропишани со ковид-19 согласно мерките за заштита. Нас како организатори, Народна техника, не радува податокот што оваа година имаме огромен голем број филмови од Македонија, скоро 25, а другите филмови се од Бугарија, Чешка, Велика Британија, Словенија, Бугарија и Молдавија. Жирито на фестивалот започна со селектирањето на филмовите кои ќе влезат во официјална конкуренција и оние кои ќе ги понесат највисоките одличја.

Заради актуелната ситуација, при жирирањето оваа година се користат и техничките можности, односно двајца од жирито ги гледаат филмовите преку “Зум“.Режисерот Благојче Божиновски кој е дел од жирито вели дека оваа година ќе имаат тешка задача кога се работи за квалитетот.

-Би сакал да истакнам дека годинава имаме доста квалиутетни филмови се чувствува напредокот на технологијата, од друга страна е препознатлив ракописот на авторите на филмот, се работи за аматерски фестивал, годинава ќе имаме поприлично проблеми за изборот со оглед на тоа што имаме доста квалиутетни филмови, рече Божиновски.