Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Пелистер Волеј, максимално против Ускана (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Ускана 3:0  (25:08, 25:15, 25:09)Одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола, денес во салата на Медицинското училиште, постигнаа голема победа на стартот на новата сезона со максимални 3:0 над кичевската екипа Ускана.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, по завршувањето на натпреварот во Битола кратко рече:Тотална доминација од првата минута, иако се очекуваше изедначен натпревар. Пелистер Волеј се покажа како пресилен противник и за 1 час и 5 минути го доби првиот натпревар.Поените ги освоија: Ана Пејовска 11, Теодора Андоновска 9, Ивана Василевска 9, Стефани Најдановска 9, Ева Трпеновска 8, Тамара Жабјановска 3, Меланија Каралиоска 2, Ана Марија Шехи 1 и Анастасија Ристевска 1.