Press "Enter" to skip to content

Рекордни 594 новозаболени, во Битола 18, оздравени 3 од ковид-19

Во последните 24 часа во Битола се регистрирани 18 новозаболени лица од ковид-19, а вкупно се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи.

Во болнички услови починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти од кои тројца во Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.