Press "Enter" to skip to content

Во Битола отворена изложбата “Сјајот на минатото патоказ кон иднината -Култарт“ (фото)

Во фоаето на НУ Центар за Култура во Битола, се реализира изложбата “Сјајот на минатото патоказ кон иднината -КУЛТАРТ“- од страна на Здружението за развој на екологијата, туризмот и културната соработка “Грин-лист“ од Битола на кој беа презентирани 33 фотографии и 11 презентациони видеа.На изложбата беа презентирани фотографии и видеа од следните локалитети: Хераклеја Линкестис, Битола, Маркова Кула, с.Корешница, Демир Kапија, Кокино, Старо Нагоричане, Куманово, Куклице, Кратово, Маркови Кули, Прилеп, Водочки манастир „Св. Леонтиј“ „Св. Богородица Елеуса“- Вељушки манастир, Хајдар Кади Џамија, Битола
Шарена Џамија, Тетово, Цареви Кули (Струмичко Кале), Струмица, Баргала, с.Долни Козјак, Штип.Целта на проектот “КУЛТАРТ“ е изуелно да се презентира културното наследство што го поседува Македонија, а ги документира, архивира и визуелизира сите специфични локалитети кои ќе се искористат за промоција во национални рамки и во меѓународни рамки, како и да  ја запознае Македонската и Светската јавност потемелно со локалитетите и нивните археолошки, историски и културолошки специфики, и можноста да се користат во образовни, едукативни и туристички цели.