Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола, новозаболени 14 од ковид-19, оздравени 2, активни случаи вкупно 155

Денес, недела, според информации на министерството за здравтсво објавени на нивната фејс бук страница, се регитрирани 14 новозаболени лица во Битола, а во градот има 155 активни случаи. Во Битола се регистрирани и двајца оздравени пациенти.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19.

Починати се 10 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555.