Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: американец доби награда за “културна демократија“ во Битола (фото)

-Иако пред седум дена пишував за фестивалот за филмска камера “Браќа Манаки“ во 2010 година и оваа недела ќе се осврнам на истиот, но од друг агол, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство и продолжи:-Во мојот новинарски бележник остана запишан еден настан кој се случи на затворањето на фестивалот. Претседател на  интернационалното жири Вилмош Жигмонд, му ја врачи наградата на  тогашниот лауреат Мартин Гхшлахт, Златна “Камера 300“, а доби посебна награда, која сигурно беше значајна за него, а мене ми привлече и посебно внимание.Интересно беше дека амбасадорот Филип Рикер на затворањето на „Браќа Манаки“ му додели на Вилмош Жигмонд, кој по потекло е Унгарец со долгогодишна работа во САД,  награда за „Културна дипломатија“ која ја доделуваат САД.На тоа Жигмонд рече, дека иако цело време работи во Америка, сепак, тука го најдоа за да му ја врачат оваа награда. Еден необичен настан, и награда, која најде место во мојот новинарски бележник, а мислам дека е посебен, а не се сеќавам дека некој друг странец добил награда во Битола од својата земја.Претходно тогашниот амбасасор Рикер одржа и прием на организаторите на Фестивалот и битолските културни работници, а му подари плакета на Борче Димитровски тогашен директор на Центарот за култура за соработка со Американското катче, а доби и посебен подарок од Центарот. На средбата присуствуваше и Вилмош Жигмонд, претседател на жирито, а беше во друштво и со битолските сниматели.