Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер го победија Куманово во пријателски натпревар

Куманово – Пелистер 77:92

Во вториот викенд без кошарка поради одложувањето на стартот на Првата лига, кошаркарите на Пелистер од Битола, ја одржуваа формата до стартот со одигрување на пријателски натпревари, а меѓу кошаркарите на Пелистер нема позитивни случаи, па затоа можат да имаат контролни средби.

Во Куманови одигра пријателски натпревар со истоимената екипа во кој поуспешни а победија со резултат 77:92, со што  потврдија дека амбициите не се оправдани.

“Пелистерци“ играа добро во нападот, водеа константно, а во финишот разликата меѓу двата тима достигна 14 поени. Најефикасен кај Пелистер беше Вилијамс со 16 поени, го следеа Кесар со 15 и Трајковски со 13 поени, а Стајиќ имаше 12, Нацевски со 10 поени.

Во ситуација кога апсолутно никој не знае кога би почнала сезоната во кошаркарската елита, поради фактот што речиси половина од прволигашите се во изолација поради појава на коронавирусот помеѓу играчите, тимот на Пелистер, кој нема вакви проблеми, продолжува со добрите игри во подготвителниот период.