Press "Enter" to skip to content

1.000 години “Бигорски манастир“, тројца битолчани со орден “Претеча“ (фотогалерија)

-Со ограничен број на гости и верници, меѓу кои и од Битола, несекојдневен јубилеј во ковид услови, со свечен церемонијал, како што му доликува на едно црковно светилиште како “Јован Бигорски“.

-Тројца битолчани со највисоки почести, Васко Ковачевски со орден “Претеча“ I ред, Леонардо Фуна – орден “Претеча“ II ред и Борче Марковски со орден “Претеча“ III ред, благодарници добија и повеќе верници од Битола

-“Чкембари“ – Битола синоќа на свој препознатлив начин го честитаа 1.000 роденден.Играорците и мијачката гарда, простроени во храмот “Св. Јован Бигорски“, кој за монаштвото е многу повеќе од обичен манастир, точно во 9 часот го означија почетокот на литургијата, предводена од архиепископот Г. Г. Стефан во која се цитираа евангелија од Светото писмо, се пееја црковни песни, се славеше името Господово. На литургијата под посебни ковод мерки, присуствуваат и верници од Битола.Поглаварот на МПЦ – Охридска АрхиепископијаАрхиепископот г.г. Стефан на свечената церемонија рече:-Бигорски е потврда за правото на црковна самобитност. Бигорски е нашиот победник на времето, нашиот најдобар црковен репрезент и духовен бедем кој живеел и ќе живее за народот. Но, свесни сме дека во православното живеење и творење ништо, ниту почнува, ниту се остварува без благословот и молитвеното застапништво пред милосливиот Бог за преуспевање и за напредок.

На денешната прослава на одбележувањето 1.000 години од постоењето на Бигорскиот манастир – Свети Јован Крстител, говореше и македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој нагласи дека овој јубилеј треба да не поттинкува да размислуваме колку мудро ги користиме деновите и во што ги вложуваме.-Бигорски е нашиот победник над времето и над вековите. Бигорскиот манастир е наша гордост што трае зашто од љубовта кон него и од љубовта од него израсна во неисцрплив вруток во наш духовен горостас и наш најдобар презент. Денес на почетокот на второто илјадалетие на Бигорскиот манастир размислуваме како некоја следна генерација наши потомци ќе ги цени делата на нашата генерација. Се надевам дека ако опстанеме со силна верба и почит и по илјада години ќе имаме добрини и вредности кои ќе останат зад нас за кои ќе се прикажува.Архиепископот Г.Г. Стефан доби и највисоко милениумско признание на Бигорскиот манастир – лента со ѕвезда со ликот на чесниот Претеча.На централната прослава се доделија и ордени и благодарници на заслужни поединци и организации кои дале значителен придонес за Бигорскиот манастир.

Од Битола ордени добија, Васко Ковачевски – орден “Претеча“ I ред, Леонардо Фуна – орден “Претеча“ II ред и Борче Марковски со орден “Претеча“ III ред, а благодарници добија и повеќе верници од Битола.

По завршувањето на официјалниот дел беше организирана и причесна, а верниците се собраа буквално од сите краишта на земјата, кои порачаа дека се благодарни на Бога и почестени се што се сведоци на еден ваков прекрасен јубилеј.Вчера вечер во навечерието на прославата на големиот Јубилеј, 1.000 лета од основањето на славниот и Свештен Бигорски Манастир, битолските “Чкембари“ на свој препознатлив начин го честитаа јубилејот.Кире Божиновски, рече дека најголем дел од “Чкембарите“ се верници кои редовно го посетуваат манастирот, присутни се на богослужбите и секогаш излегуваат по пресрет на потребите на манастирот, а имаат и неизмерна чест кон Старецот Партение.Инаку, Кире Божиновски, до сега беше единствен битолчанец кој го имаше добиено орденот “Претеча“, за одличните релации на Битола со манастирот “Јован Бигорски“ и други негови заслуги.Младите верници кои биле и се дел од манастирскиот живот и тука нашле свој мир, на старецот, Владиката Партенија, надвор од сите протоколи на прославата му подарија вредни подароци, во знак на чест дека кога сите се откажувале од нив тој ги примил…Како и на секоја прослава или поголеми активности и денес во Бигорски беа и волонтерите на општинската организација на Црвениот крст од Битола.Инаку, темелите на Бигорскиот манастир датираат од времето кога на овие простори царувал Самоил, а почетоците се поврзуваат со името на многудобротетелниот монах Јован. Во своето вековие манастирот бил уриван, запуштуван и опожаруван, но секогаш уште подобро се воздигнувал. Затоа во очите на верниците Бигорскиот манастир е најсилното сведоштво за нашата жива црква во православниот свет.