Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад со палка од страна со примена на реален аикидо

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа во палка од страна, со примена на техника од реален аикидо.

Одбрана од удар со палка од страна се изведува на следниот начин. Прво со левата нога исчекоруваме напред и дијагонално со левата рака за момент ја блокираме раката која удира. Потоа ротираме околу левата нога, со левата рака влечеме полукружно во десно, додека пак десната рака удира во левиот образ и на тој начин ја забрзуваме и олеснуваме ротацијата околу левата нога, при што десната ја испружуваме во десно и на тој начин го фрламе противник и нанесуваме завршен удар.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.