Press "Enter" to skip to content

Во Битола 14 новозаболени, 14 оздравени од ковид-19, вкупно 641 нови случаи

Денес, среда, во Битола според Министерството за здравство објавено на фејс бук страната, во последните 24 часа има 14 нови случаи на корона вирус, а денес имаме и 14 оздравени пациенти.

Во Битола до сега има 490 лица позитивни на ковод-19, а активни се 152 случаи.

Вкупно во државата има денес направено 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19, во ЦЈЗ Битола  се наравени 161 тестови.

Починати се 12 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од кои во Битола 14.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, бројката на оздравени пациенти е 17.905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069.

More from ВестиMore posts in Вести »