Press "Enter" to skip to content

Ново засилување доаѓа во Битола: Никола Малешевиќ потпиша за КК Пелистер

Во новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија која ќе започне следната седмица, според кошаркарската федерација, екипата на Пелистер во Битола донесе уште едно засилување.

Пелистер направи договор со српскиот интернационалец Никола Малешевиќ, а се работи за 31-годишниот кошаркар, висок 201 сантиметар, доаѓа на местото на Американецот, Џастин Мартин, кој заради лични причини го раскина договорот со македонскиот прволигаш.

Малешевиќ е поранешен српски репрезентативец, роден во Ужице и дебитираше за Слобода, а настапуваше во српската Суперлига, за полски Сласк и за романските екипи Стеауа и Волунтари.

Покрај Малешевиќ, Пелистер, летово ги ангажира македонските репрезентативци Бобан Стајиќ и Бојан Трајковски, српскиот центар Игор Кесар и Американците Џалил Абдул Басит и Вилијамс.

Во првото коло Пелистер гостува во Гевгелија против Кожув.

More from БитолаMore posts in Битола »