Press "Enter" to skip to content

54 километри со “точак“ по асфалт, по шумски пат, на дел без пат, од Битола преку Лера до Стрежевско езеро на брана и назад преку Кукуречани (фотогалерија)

Пет и пол часа вело-авантура, поминати 54 километри на велосипед, поминато околу или низ десетина села од битолскиот крај, од кои едно потопено во езерото, поминати триесетина километри по асфалт, а другите по шумски пак кој некаде го немаше. Вака на  кратко е раскажана турата до браната на Стрежевско Езеро, но, да одиме и да раскажеме по ред.Вљубените во природа и во велосипеди од поминуваат можеби стотина патеки околу Битола, но една од поубавите за возење, според многимина, е да се стигне до вештачкото Стрежевско Езеро и да се гледаат неговите убавини од над езерото, некаде над потопоменото село Стрежево. Но, да се стигне до тука не е ни лесно, но сепак побезбедно отколку да се вози од спротивната страна, кај заливот кај Метимир, спуштајќи се од Гопеш. За оваа патека професорот Игор Неделковски, кој години “крстари“ по вело-патеките по планини низ Македонија, вели:-Патеката е захтевна, се поминува први 12-13 километри од Битола во Превалец, а потоа имате спуштање до Стрежевско езезо преку Рамна и Лера, а оттаму започнува планинското возење до браната на вешташкото езеро Стрежево, која не е последна цел, туку треба да се извози повторно по асфалт до Битола, преку Драгожани и Кукуречани. Должнината од ооколу 55 километри не е мала и бара со оглед на теренот и патеките добра кондиција и солиден велосипед.Откако ќе слезете кај Стрежевското езеро, започнува планинската вело тура, но поради тоа што водата во реката која се влива во езерото е ладна, откако ќе уживата во погледот кон Езерото, рибарите, пејсажите, треба да се вратите кај мостот кај Лера и таму по десната страна да се продолжите. Ивица Јаневски е голем вљувеник во планинскиот велисипедизам, но оваа тура за порв пат ја поминува.-Возам по Пелистер и тука од оваа страна немав дојдено. Можам да кажам дека, посебни планинаската тура е посебно убава. Имате искачување по планински пат, безбеден за возење, до “расксрницата“ која води за Облаково и Стрежево. Продолжувате само надолу, не можете да згрешите, по преубава за возење патека надолу која на места и е со нагиб од 30 степени до село Стрежево, а потоа за брзо сте на браната. -Оваа вело-патека може да биде домаќин на било кој светски натпревар во, дуатлон, триатлон или друга спортска дисциплина. Имате друмски велосипедизам, потоа планински велосипедизам, тука е езерото за дел од натпреварот во пливање, до некоја точка на брегот, па повторно над езеро планински велосипедизам, а до Битола друмски. Се на се, безмалку 55 километри кои ние ги поминавме за 5,5 часа, секако со одмор, а силни спортисти ќе ја поминат за далеку побрзо време, вели Кире Грбевски, професот по физичко воспитување во Горната Гимназија и спортски тренер.Кога се движите со велосипед прво што гледата е големината на вештачкото езето, и си го претпоставувате колку голем бил трудот кој бил вложен заедно со многу механизација, пред 4 децении, за да се соберат сите води од Баба Планина, и преку каналот да се спроведат до овој дел, каде е изградена големата брана. Акумулацијата има можност да прибере и да чува повеќе од 100 милиони кубни метри вода.А на браната, Игор, кој бил и дел од некое раководство на ЈП “Стрежево“, во негов приофесорски стил ни објасни за проектот “Стрежево“, која го пректираше, кој го изгради, за колку време, како е планот за евакуација не дај Боже…Потоа е асфалтниот низ село Црнеец, ќе поминете покрај селата Габалавци, Секирани, Драгожани, во селската коперација во Кукуречани, покрај патот, со ладно пиво од шише, “Крали Марко“.Кога адреналонот ќе спласне, ќе сфатите колку сте поминале, километри, дека сте уживале во овој дел од Македонија, а преостанатите километри до Битола, ќе ви поминат лесно, во средување на впечатоците кои ги има многу од изминатиот ден.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »