Press "Enter" to skip to content

Празнична изложба на книги од македонски автори во библиотека во Битола 

Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски”-Битола промовира празнична изложба на книги од македонски автори чија инспирација е внатрешната македонска револуционерна организација и македонската национална борба за слобода и независност.

Во фоајето на Градската библиотека во Битола изложени се повеќе книги од македонски автори меѓу кои и книгата „Писмата на Гоце Делчев” кои ги собрал и редактирал Љубен Лапе публикувана во 1951 година, книгата „ВМРО 1893-1903″ од авторот Ванчо Ѓоргиев, потоа книгите „Илинденски факел 1903-2003″, „Крушевски Манифест”, „Смилево славно во оган гори” од Филип Каваев, а посетителите може да се потсетат и изнајмат по затворањето на изложбата, и книгата „Гоце Делчев во спомените на современиците” од Христо Андонов Пољански.

Според востановената традиција НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски” во Битола приредува тематска празнична изложба на книги, а годинава за 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба во фоајето на библиотеката селектира и изложени се и авторски дела, книги од Иван Катарџиев, Алексо Мартуков, Александар Христов и други македонски автори