Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола двајца починати, 17 позитивни на ковид-19, излекувани 4 пациенти

Денес според информации на министерството за здравство, објавени на нивната официјална фејс бук страница починати се во Битола двајца пациенти на 70 и 74 години, 17 позитивни на ковид-19, а има и 4 оздравени.

Во последните 24 часа се направени 1.901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 

Починати се 22 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26.954, бројката на оздравени пациенти е 18.627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7.408.

More from ВестиMore posts in Вести »