Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, понеделник, 26 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурата до 19°С.

Утре, вторник, 27 октомври, времето во Битола ќе биде сончево со мала облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.