Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер денес патува за Данска, Бабиќ остави тројца ракометари во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг во Битола пред заминувањето во Данска, каде утре со почеток во 18,45 часот ќе го одигра својот прв натпревар од “Д“ групата на Лига Европа.Сите ракометри се негативни на ковод-19, а тренерот Жељко Бабиќ ќе има прилика да игра со најсилен состав, а се одлучи во Битола да останат Милан Ѓукиќ, Елмир Граџан и Дејан Кукувски, со оглед на тоа што во протоколот може да се пријават шеснаесет ракометари.Денес, од Битола тргнува ракометната експедиција за прв пат оваа сезона е се очекува по летот до Малме, Шведска, а потоа со автобуски превоз до Гудме ќе пристигнат во Данска. Првиот лесен тренинг битолчани ќе го имаат утре наутро.

More from СпортMore posts in Спорт »