Press "Enter" to skip to content

Отворено ново студио “Тaftherapy Соколов“ во Битола (фото)

Деновиве во Битола се отвори студио за физиотерапија и масажа “Taftherapy Соколов“ кое се наоѓа во хотел “Кеопс“ во  Битола, во сопственост на фиотерапефтот Тоше Соколов која има богато искуство ос повеќе од 20 години во оваа област. Соколов во своето ново студио во Битола ќе третира и лекува хронични и секундарни заболувања.

Тоше Соколов за услугите и третманите во кои поврзува физиотерапија со биоенергија т.н. биотерапија и тафт терапија во служба на лекување и третирање на над 20 дијагнози на отворање рече:-Мило ми е што и во Битола отворив свое студио во хотел “Кеопс“ кој модерно опремен и поседува базен и спа центар. каде се наоѓа и “Taftherapy Соколов“. Тука, во Битола, моите услуги, во ова време на стрес кога на сите им се потребни третмани како за лекување така и за опуштање ќе бидат достапни за битолчани. Го  отворивме студиото за терапија и масажа “Taftherapy Соколов“ скромно, заради почитувања на мерките за заштита од корона вирусот, а сакам да кажам дека и понатаму исто така строго ќе се почитуваат мерките низ работа со клиенти и пациенти, а за тоа што можат да добијат пациентите Соколов вели:

-Третирам повеќе од 20 дијагнози, спонзилоза, ишијас, дископатија, диксус хернија, лордоза, кифоза, сколиоза, селебрална парализа, деформитети и разни други дијагнози. Со ова само ја продолжувам семејната традиција на лекување која ја започнаа моите претци, ајас сум 4 колено. Сите тие  лекуваа со биоенергија, биотерапија, само јас и мојата мајка се  едуциравме и ја поврзавме она со физиотерапија и тaftherapy.Тоше Соколов во Македонија ги пренесе искуството од обуките во Тајланд заедно со претходните практични искуства, а сега се е заедно во т.н. “Тaftherapy“, а за овој начин на лекување вели:

-“Тaftherapy“ потекнува од Тајланд и се применува од 18 век, како алтернативна медицина и техника, а во 19 век веѓе се користи и во централно стативна медицина. “Тaftherapy“ има 30 масажни рачни техники, (мануални) како акупресурна фибрација и делува како на нервите така и на мускулатура и ткивата. Се препорачува кај сите возрасни групи и кај сите хронични дијагностицирани пациенти. Тука би нагласил дека секоја болка мора навремено да се лекува и третира.Карактеристично како терапевт е што Соколов има свој начин на наплаќање на своите услуги, како хуманост не се наплаќа по одредена цена, туку кој како смета дека треба да остави, кој колку е задоволен. 

-Можеби на многу им изгледа чудно, но јас ја продолжувам семејната традиција долга 400 години, кога моите прабаба, баба и мајка лекувале, третирале на ваков начин без одредена цена односно на маката на луѓето не сакале да заработуваат, на сиромашни не им наплаќале. Покрај тоа што  ја продолжувам традицијата во лекување со биотерапија, односно поврзување на биоенергија и физиотерапија ја продолжувам и оваа традиција која ми ја оставија во аманет. Се разбира сега работам во современи усоови, но принципот ми остана ист. Ова можат да го потврдат безброј мои клиенти кои ги користат моите услуги во салоните за терапија  во Скопје, Гевгелија, Велес каде исто така одредени периоди работев, а  на негов својствен начин низ хумор ни кажа:

-И бонбона да остават, битно е од срце да е, и да бидат задоволни моите клиенти.

Жанета Ристевска