Press "Enter" to skip to content

Друштвото на писатели Битола ги додели наградите ““Книжевен круг“

По распишаниот годинашен конкурс за ракописи на Друштво на писатели од Битола го соопшти наградите за 2020 година, кои же бидат доделени сабота во Битола.

Наградата “Книжевен круг за проза“ се доделува за ракописот “Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски.

Награда во категорија поезија за ракописот “Манастир од мисли“ од Кире Неделковски.

Наградата “Книжевен круг за критика“ е Весна Мундишевска-Велјановска за ракописот “Профили“.

Наградата “Лингва“ за превод и афирмација на македонската литература се доделува на Олга Панкина.

Сите наградени ракописи се публикувани и ќе бидат промовирани во сабота 31 октомври во рамките на 10. меѓународна манифестација  “Битолски книжевни паметења“.