Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го одржа тренингот во Гудме, подготвени за европски ракомет (фото)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола денес претпладне го одржаа единетвениот тренинг пред вечерашното деби во Лигата на Европа, во “Феникс Таг Арена“ во Гудме, Данска.

Тренерот на екипата од Битола, Жељко Бабиќ одржа лесен тренинг на која ги раздвижи ракометарите кои во 18:45 часот ќе излезат на мегдан на данскиот вицешампион, кој рече дека и покрај изостатокот на официјални натпревари, овој тим на Еурофарм Пелистер е подготвен за утрешниот дуел со ГОГ Гудме.-Се сложувам дека е многу тешко да имате силни тренинзи, а да немате натпревари. Помина долго време од нашиот последен официјален натпревар. Играчите беа вредни, исто така и моите помошници и верувам дека минавме одличен подготвителен период. Она што е најважно е тоа што негувавме една култура на одлична одбрана, бидејќи таа е нашиот живот и нашата иднина. Верувам дека добро сме подготвени да играме европски ракомет во овој момент, вели Бабиќ.

Натпреварот меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер ќе го водат германските судии Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд.