Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Тодор-Тоде Кулевски

Во Битола на 78 годишна возраст почина Тодор – Тоде Кулевски, истакнат фудбалски работник.

Кулевски долги години беше дел од Општинскиот фудбалски сојуз на Битола, каде извршуваше разни функции, а беше и делегат во Фудбалската федерација на Македонија. 

Тоде Кулевски ќе остане во убаво сеќавање на сите фудбалски клубови од ОФС Битола, како вреден адмнистративец, а посебно на клубовите на Општинските фудбалски лиги “А“ и “Б“, во чиј развој и одржување на натпреварите имаше огромен придонес.

Тоде Кулевски за својата работа има добиено голем број на награди и признанија, а Сојузот на спортови на Битола во 2013 години му доделе златна плакета за развој на спортот, посебно на фудбалот во Битола.

Погребот на Тоде Кулевски ќе биде денес во Светонеделските гробишта во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »